Руските затвореници биле ослободени на територијата на Белорусија и ќе бидат префрлени во Русија. Во соопштението се наведува дека Обединетите Арапски Емирати посредувале во размената.
„Во моментот, сите руски заробеници се наоѓаат на територијата на Белорусија, каде што им се дава потребната психолошка и медицинска помош, како и можност да стапат во контакт со своите семејства. Сите ослободени ќе бидат префрлени во Русија за понатамошно лекување и рехабилитација во медицинските установи на Министерството за одбрана“, соопшти руското Министерство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата