logo
logo
logo

Москва: Ние сме подготвени

Vecer | 05.12.2022

Москва: Ние сме подготвени

Москва -- Русија и Кина се подготвени да застанат заедно против растечкиот надворешен притисок, рече рускиот премиер Михаил Мишустин.

„Нашите земји имаат конзистентен пристап кон многу проблеми на нашето време. Заедно се залагаме за формирање на мултиполарна архитектура на меѓународните односи и подготвени сме заеднички да се соочиме со новите предизвици и растечкиот надворешен притисок“, рече Мишустин на 27-от редовен состанок на Премиерите на Русија и Кина.

Тој потсети дека, според рускиот претседател Владимир Путин, „На Русија и треба просперитетна Кина, а на Кина за возврат и е потребна просперитетна Русија“.

„Односите меѓу Русија и Кина се во природа на сеопфатно и стратешко партнерство. Ние самоуверено и стабилно одиме напред во сите области, дури и во услови на криза во глобалната економија“, нагласи рускиот премиер.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk