logo
logo
logo

МОРБИДНА ОДМАЗДА: Дознал дека го изневерила, па и ја отсекол главата

Vecer | 06.04.2021

МОРБИДНА ОДМАЗДА: Дознал дека го изневерила, па и ја отсекол главата

Русин по име Вјачеслав (40) во налет на љубомора и ја отсекол главата на својата партнерка, локалната убавица Олга Шљамина (33). Злосторството се случило на 25 март во Новодвинск откако роднините пријавиле дека мајката на две деца исчезнала. После шест дена полицијата го нашла телото на Олга, а малку понатаму била и нејзината глава.

Нејзиното семејство во изјавите во полиција истакнало дека нејзиното однесување во послено време се сменило и дека често се карала со Вјачеслав. Се кулминирало кога наводно му признала дека девет пати го изневерила, што после се покажало како неточно.

Двојката се запознала пред две години откако на Олга и пропаднале два брака. Се, барем навидум, било одлично во врската до мај минатата година, кога на лицето на жената станало јасно дека трпи извесно насилство во домот.

Љубомората на Вјачеслав кулминирала кога дознал дека Олга се пријавила на локален натпревар за убавина каде и победила.

Според локалниот портал Лајф, Олга после тое очајнички сакала да излезе од врската, но посесивниот партнер не и дозволувал. Според неофицијалните податоци, ја довел до шумата за наводно „малку да се прошетаат“, а всушност планот му бил да ја убие.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk