logo
logo
logo

Млади Американци убија полицаец во Рим во 2019 година, изречен им е доживотен затвор!

Vecer | 06.05.2021

Млади Американци убија полицаец во Рим во 2019 година, изречен им е доживотен затвор!

Двајца млади американски туристи прогласени се за виновни за убиството на италијански полицаец што се случи во јули 2019 година во Рим. Осудени се на доживотен затвор.

Финеган Ли Елдер, кој имал 19 години за време на убиството, признал дека го прободел полицаецот Марио Церсиело Регу во раните утрински часови на 26 јули 2019 година, додека неговиот пријател Габриел Кристијан Натале-Хјорт, кој во тоа време имал 18 години, се скарал со друг полицаец.

Но, двајцата Американци тврделе дека дејствувале во самоодбрана затоа што сметале дека полицајците, кои не носеле униформи, всушност биле крадци кои сакале да ги ограбат по неуспешниот обид да купат дрога.

Судот ги отфрли нивните сведочења и ги осуди на најтешка можна казна во Италија.

Тие може да бидат условно ослободени по издржување на 21 година затвор и тоа само во случај на добро однесување.

Младите Американци исто така беа прогласени за виновни за обид за изнуда, напад, пружање отпор на јавен службеник и носење на нож за напад без само причина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk