logo
logo
logo

Млад човек со автомобил уби пет лица во Кина, а потоа излегол од возилото и ФРЛАЛ ПАРИ

Vecer | 12.01.2023

Млад човек со автомобил уби пет лица во Кина, а потоа излегол од возилото и ФРЛАЛ ПАРИ

Кинеската полиција уапси маж кој со својот автомобил влетал во пешаци во Гуангжу, убивајќи пет, а ранил 13 луѓе. Инцидентот предизвика бес кај пошироката јавност, а многумина го обвинуваат дека намерно ги удрил луѓе со своето возило. Снимката на која се гледа како возачот излегува од автомобилот и фрла пари во воздух, набргу по несреќата, стана вирална на социјалните мрежи.

Picture of a badly dented car involved in a car crash in Guangzhou

Несреќата се случила во вечерниот шпиц

Полицијата го приведе 22-годишниот возач на автомобил и поведе истрага. Несреќата се случила вчера за време на вечерниот шпиц на фреквентна раскрсница во јужниот кинески град со 19 милиони жители. Ова не е прв ваков инцидент што се случил во Кина, пишува  BBC.

Во февруари 2022 година, возач на мини-камион прегази луѓе во јужната провинција Фуџијан, убивајќи тројца, а повредувајќи девет луѓе. На почетокот на неделава, гостин на хотел во Шангај намерно удрил со својот автомобил во лобито на хотелот по расправија со персоналот. Во инцидентот нема повредени.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk