logo
logo
logo

Мирослав Лазански: Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија

Vecer | 04.05.2021

Мирослав Лазански: Србија никогаш нема да воведе санкции против Русија


Србија очекува дека до пристапувањето во Европската Унија Брисел ќе го ублажи својот став кон Русија, изјави српскиот амбасадор во Москва, Мирослав Лазански за „Известија“.

Во интервју за весникот, Лазански зборуваше за односот на Белград кон европската политика за санкциите и плановите на земјата да ја произведува руската вакцина „спутник В“. Според амбасадорот, следната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Србија може да се случи пред крајот на 2021 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека очекува забрзување на пристапот на Србија во ЕУ.

Според  Лазански, Србија се надева дека ќе стане членка на ЕУ до 2025 година, но датумот може да биде одложен. Тој истакна дека Белград прави се за целосно да ја приспособи својата позиција на критериумите потребни за да стане полноправна членка на ЕУ.

Лазански истакна дека Србија верува оти санкциите на ЕУ не се политика, туку недостиг од политика, и Србија, како што рече и Вучиќ, никогаш нема да воведе рестриктивни мерки против Русија.

„Бидејќи Србија сè уште не е членка на ЕУ, таа не е обврзана целосно да ја координира својата надворешна политика со онаа на Европската Унија,“ рече тој, додавајќи дека дури и некои земји на ЕУ кои ги поддржуваат санкциите против Москва, во пракса не ги применуваат целосно.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk