logo
logo
logo

Министерството за правда на САД води истрага против Американци кои работеле со руски медиуми

Vecer | 22.08.2024

Министерството за правда на САД води истрага против Американци кои работеле со руски медиуми

Изданието се повикува на американски службеници кои зборувале под услови на анонимност. Истрагата е дел од борбата што САД ја водат против обидите на Кремљ да влијае на претседателските избори во Америка.

Во фокусот на истрагата се политичкиот аналитичар Дмитриј Сајмс и поранешниот инспектор на ОН за оружје, Скот Ритер.

Сајмс е руско-американски аналитичар, познат како водител на ток-шоуто „Голема игра“ на „Први канал“ во Русија. Сајмс од претходно е познат како неофицијален советник на поранешниот претседател на САД, Ричард Никсон, и поранешниот државен секретар Хенри Кисинџер. Во јуни 2023 година тој беше модератор на дискусијата со претседателот на Русија Владимир Путин, на пленарната сесија на Петербуршкиот меѓународен економски форум. Подоцна доби награда од руската влада „за известување и анализа на настаните во зоната на специјалната воена операција (така властите на РФ ја нарекуваат сеопфатната инвазија во Украина) и жешките точки на планетата“.

Вториот човек вклучен во истрагата на Министерството за правда е поранешниот инспектор на ОН за оружје, Скот Ритер. Ритер претходно даваше поддршка за Путин и лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, ја поддржуваше руската инвазија во Украина, и беше надворешен автор за каналот РТ. Во јуни, американските власти му го одзедоа пасошот кога се подготвуваше да полета од САД за да го посети Петербуршкиот економски форум.

Како што пишува весникот, обвинителите сè уште не поднеле обвиненија против ниту еден од нив. Изворите на весникот посочуваат дека на Ритер и Сајмс може да им се поднесат кривични обвиненија, како и дека наскоро се очекуваат нови претреси во рамките на случајот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk