Одлуката на индиската министерка за туризам и култура, Уше Такур, да им наплати 100 индиски рупии - малку повеќе од едно евро, на оние кои сакаат да прават селфи со неа, ја подели јавноста во Индија.
Некои сметаат дека оваа одлука е многу добра, додека други мислат дека тоа е грубост и арогантно однесување бидејќи ги искористува предностите на сиромашните кои сакаат да се фотографираат со неа, имајќи предвид дека е популарна.
Сепак, министерката Такур, која припаѓа на владејачката хинду националистичка партија во индиската држава Мадја Прадеш, се одлучи на овој потег од хуманитарни причини, со донирање на сите пари на фондот за борба против коронавирусот.
„Селфито е долг процес поради губење време и прекршување на програмите“, рече министерката Такур, која, меѓу другото, праша дали кога патува некаде, наместо букет цвеќиња, домаќините да и даваат книга бидејќи само „беспрекорниот „Господ Вишну - врховната божествена личност, може да понуди цвеќиња, со оглед на тоа што божицата Лакшми живее во нив - симбол на среќа и мир.
Уша Такур е позната по забраната за собирање муслиманска младина во хинду -населби, бидејќи тврди дека муслиманската младина им се додворува на хинду девојките со цел да ги преобратат во ислам.
Нејзината изјава на 25 септември 2015 година, крена многу прашина и доведе до конфликт меѓу муслиманите и хиндусите кога рече дека муслиманите треба да ги жртвуваат своите синови за Курбан Бајрам, наместо овци и други животни.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата