logo
logo
logo

Британски министер предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

Vecer | 09.01.2025

Британски министер предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но нагласи дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка.

- Знаеме од првиот мандат на Доналд Трамп дека длабочината на неговата реторика и понекогаш непредвидливоста на тоа што го изјавува можат да бидат дестабилизирачки, рече Лами во интервју за Би-Би-Си радио, одговарајќи на прашањето за намерите на Трамп да го направи Гренланд дел од САД.

- Што се однесува до Гренланд, мислам дека неговата загриженост е насочена кон активностите на Русија и Кина во Арктикот, како и кон националната економска безбедност, додаде британскиот министер. - Сепак, уверен сум дека тој признава дека Гренланд денес е дел од Кралството Данска, нагласи Лами. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk