logo
logo
logo

"Милиони гладуваат, а стомаците им се полнат со државна пропаганда": Казна затвор за носење фармерки, сленг и западни фризури!

Vecer | 07.06.2021

"Милиони гладуваат, а стомаците им се полнат со државна пропаганда": Казна затвор за носење фармерки, сленг и западни фризури!

"BBC" тврди дека во Северна Кореја на сила стапил закон на која инсистирал лидерот на таа земја Ким Јонг Ун, а според кој на жителите им се забранува консумирање на било што што има врска со САД, Јужна Кореја и Јапонија.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, потпишал закон со кој во неговата земја најстрого се казнува поседување на фармерки, странски филмови, но и користење на сленг, се со цел сузбивање на било какво влијание од надвор на населението на најзатворената земја на светот.

Според наводите на западните медиуми, Северна Кореја е во непрекинат локдаун, без интернет, без социјални мрежи и со само неколку контролирани државни ТВ канали кои "на народот му го кажуваат тоа што шефот на државата сака да го слушне".

"А сега лидерот на таа земја одлучил да очи чекор понатаму, внесувајќи нов законот против тоа што режимот го нарекува "реакционарна мисла"", пишува "BBC" и открива дека секое лице, кое ќе биде фатено со голема количина содржини од Јужна Кореја, САД или Јапонија, го чека смртна казна, а на оние кои гледаат такви снимки им се заканува казна затвор до 15 години.

"BBC" потсетува дека Ким Јонг Ун неодамна пратил порака до државните медиуми во која ја повикува Лигата на млади да преземе мерки против "невкусното, индивидуалистичко, антосоцијалистичко однесување" меѓу младите. А таквото однесување подразбира употреба на странски изрази, како и носење на фризура и облека за кои се смета дека се "опасни отрови".

Порталот од јужнокорејската престолнина Сеул, "Daily NK" објавил дека тројца тинејџери во Северна Кореја ќе бидат пратени во едукациски камп бидејќи се пострижиле како еден јужнокорејски поп-пејач, и носеле панталони исечени над зглобот.

"Во новиот закон стои дека ако се фати работник или шеф во фабрика со странски производ, ќе биде казнет. Ако станува збор за дете, казнети ќе бидат родителите", рекол главниот уредник на "Daily NK", Ли Санг Јонг за "BBC" и додал дека се работа и на сузбивање на сите сништа или фасцинации на младите генерации со југот.

Политичките аналитичари сметаат дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги спречи надворешните информации кои доаѓаат до народот на Северна Кореја, бидејќи животот во земјата станува се потежок. Веруваат дека милиони луѓе гладуваат, па Ким Јонг Ун повеќе сака да ги храни со државна пропаганда.

Земјата по затворањето на границите поради пандемијата е отсечена од светот повеќе од било кога. Дотокот на резерви и витални производи од соседна Кина речиси е сопрен во целост. Таквата изолација само ја влошила економската ситуација која и онака е лоша. И самиот Ким, наведува "BBC", неодамна признал дека неговите луѓе се соочуваат со најлоша ситуација досега, која мора да ја пребродат.

Инаку, властите на Северна Кореја во 2002-ра година почнале со интензивни претреси во универзитетите и само во еден пронашле повеќе од 20.000 дискови со материјали со различна содржина од Јужна Кореја. Владата била во шок, па оние кои биле фатени со таква содржина биле пратени во работни логори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk