logo
logo
logo

Микалаев и Одеса под силни руски напади, убиено 12- годишно момче

Vecer | 02.07.2022

Микалаев и Одеса под силни руски напади, убиено 12- годишно момче

Сирените за воздушен напад се огласија пред експлозиите низ регионот на Миколаев, кој граничи со клучното украинско извозно пристаниште Одеса. „Во градот се слушаат силни експлозии! Останете во засолништата!“, напиша на Телеграм градоначалникот на Миколев, Сенкевич.

Вчера експлозии срамнија дел од станбена зграда додека жителите спиеле, што е најново во серијата, како што тврди Украина, руски ракетни напади насочени кон цивили. Во своето доцно ноќно видео обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди нападите како „свесен, намерно насочен руски терор, а не грешка или случаен ракетен напад“.

Киев тврди дека Москва ги засилила своите ракетни напади со долг дострел, погодувајќи цивилни цели далеку од линиите на фронтот. Русија вели дека цели на воени локации. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги цитираше изјавите на претседателот Владимир Путин „дека руските вооружени сили не напаѓаат цивилни цели“.

Руски проектил погоди преполн трговски центар во централна Украина претходно оваа недела, при што загинаа најмалку 19 луѓе. Илјадници цивили се убиени откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, во она што Москва го нарекува „специјална операција“ за искоренување на нацистите. Украина и нејзините западни сојузници велат дека тоа е неиспровоцирана војна на агресија.

Жителите на Серхиивка во близина на Одеса продолжија да им помагаат на спасувачките служби во потрагата по преживеани во урнатините на деветкатницата, од која дел беше уништен во вчерашниот напад во раните утрински часови. Ударниот бран ги оштетил ѕидовите и прозорците на соседната станбена зграда од 14 ката. Погодени биле и блиските туристички кампови.

Серхи Брачук, портпарол на регионалната администрација на Одеса, изјави дека е потврдено дека во Серхиивка биле убиени 21 лице, меѓу кои и 12-годишно момче. Меѓу загинатите е и вработен во Центарот за рехабилитација на деца, во одморалиштето што го отвори соседна Молдавија.

Нападот на Серхиивка се случил непосредно откако Русија ги повлече своите трупи од Змискиот остров, стратешки важен остров кој се наоѓа на околу 140 километри југоисточно од Одеса, што го освоија на првиот ден од војната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk