logo
logo
logo

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

Vecer | 11.10.2025

Мерц му вети на Зеленски засилен притисок врз Москва и проширена одбранбена соработка

- Канцеларот му вети (на Зеленски) дека Германија ќе ја продолжи својата поддршка и ќе ја прошири соработката во одбранбената индустрија, изјави владиниот портпарол Штефан Корнелиус.

Корнелиус додаде дека Германија, заедно со своите западни партнери, ќе го засили притисокот врз Москва.

На социјалната мрежа „Икс“ (поранешен Твитер), Зеленски му се заблагодари на Мерц за поддршката.

„Денеска Русија изврши терористички напад врз Украина, таргетирајќи ја нашата енергетика и користејќи стотици дронови и десетици проектили“, напиша синоќа Зеленски.

Тој потенцираше дека „Германија даде значаен придонес за заштитата на нашиот народ“.

„Многу ја цениме солидарноста и поддршката на Германија“, заклучи украинскиот претседател. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk