„Претседателот на САД, Доналд Трамп, нема да ја спаси Украина“, изјави Ван Акен за новинарите во Берлин, додавајќи дека, според тоа, ЕУ мора да направи многу повеќе за преговорите и дипломатијата.
Тој додаде дека Меркел би можела да има балансирачки ефект. Името на поранешната канцеларка е на дневен ред од мај, а Кремљ претходно го предложи поранешниот канцелар Герхард Шредер како посредник, што, сепак, беше одбиено во Германија.
Ван Акен рече дека овој предлог не е сериозен, но со оваа иницијатива, Русија, за прв пат досега, го изговори зборот „преговори“, објави весникот.
Лидерот на левичарската партија рече дека може да ја замисли Меркел како сериозен преговарачки партнер кој може да ги разгледа перспективите на ЕУ и кој би бил сериозно сфатен и од Москва и од Киев.
Ван Акен е уверен дека сериозни разговори меѓу двете завојувани земји ќе се одржат оваа година.
„Само Европа може да ги придвижи преговорите напред“, додаде тој.
Во меѓувреме, во неделата вечерта, канцеларот Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер се состанаа во Лондон за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина и перспективите за разговори со Русија.
Извор: Б92
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата