logo
logo
logo

Вечер Анализа

Едниот од нив мора да падне: СУДИРОТ ПОМЕЃУ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Е ОЧИГЛЕДЕН И ОПАСЕН

Vecer | 08.06.2026

Едниот од нив мора да падне: СУДИРОТ ПОМЕЃУ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Е ОЧИГЛЕДЕН И ОПАСЕН

Од почетокот на американско-израелскиот напад врз Иран во американската јавност има антивоени протести дека Трамп и Америка војуваат, плаќаат за интересите на Израел. И во Европа се рашири антиизраелско расположение кое, со нападите врз Иран само ја надгради претходната лоша етмосефра против Израел по нивните напади и уништувањето на Палестина.

Паролите дека израелскиот премиер Нетанјаху ја води политиката на САД на Блискиот исток стануваат се помасовни. До таа мерка што Трамп веќе не демантира затоа што неговите јавни повици и “наредби“ за прекин на израелските офанзиви и уништување цивили и јавни објекти до Нетанјаху Израел не ги прима сериозно и делува - сосема спротивно, како освојувањето на територија во Либан по етничкото чистење на Палестина.

Дали е дојден моментот дека или Нетанјаху да отстапи или Трамп да призне дека не е шеф на операциите на Блискиот исток. Двајцата, со овие настапи, не може да опстанат. Едниот од нив мора да загуби и да си замине.

Последниот напад деновиве и размена на ракети помеѓу Израел и Иран помина без учество на САД и Трамп. Трамп го остави Нетанјаху сам да војува и јавно порача - Доста е! Се чини дека американскиот претседател на крај разбира дека поддршката на Израел по секоја цена, освен штета и финансиски губиток на САД, значи и политички ризик врз него.

“Да не бев јас, ти досега ќе беше во затвор...“ му порача Трамп на Нетанјаху по неговите ракетирања на Бејрут, Либан, иако навоно претходно му ветил дека нема тоа да го прави. Но, и покрај тоа, нападите продолжија а екстремно ратоборниот израелски министер за одбрана, Кац, до израелската јавност порача дека “нема запирање на војната во Либан, и она што е освоено досега ќе остане територија во состав на Израел...“ што нова територијална окупација, овојпат врз Либан, по сите други окупирани палестински и сириски територии.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Израел може да се најде сам против Иран доколку конфликтот ескалира понатаму.

Во телефонски разговор со израелската телевизија Канал 12, Трамп изјави дека синоќа имало бурна ситуација и побарал од Нетанјаху во телефонски разговор Израел да не одговара на новите ирански напади со балистички ракети.

Тој тврдеше дека Вашингтон бил информиран само во последен момент за вечервашните израелски напади врз Иран, како и дека успеал да го ограничи нивниот опсег, според израелските медиуми.

Според Канал 12, разговорот завршил без јасен заклучок, но неколку помошници на Трамп кои учествувале во повикот ѝ рекле на телевизијата дека добиле впечаток дека американскиот претседател успеал да купи уште неколку дена без израелска одмазда, со цел да ги поддржи преговорите меѓу САД и Иран за договорот.

Сепак, по разговорот со Трамп, Нетанјаху повика на консултации со високи безбедносни претставници, по што го информираше американскиот државен секретар Марко Рубио дека одлучил да изврши напади во Иран, според Канал 12.

Тој исто така рече дека петте регионални арапски држави вклучени во напорите за посредување меѓу САД и Иран го замолиле Трамп да изврши притисок врз Нетанјаху да ги прекине нападите и да продолжи со договорот.

Трамп, како што објави израелскиот канал, додаде дека утрово иранските претставници го контактирале Вашингтон и рекле дека нема да извршат дополнителни напади врз Израел и побарале Тел Авив да ги запре одмаздничките напади, по што американскиот претседател повторно го повикал Нетанјаху и го убедил да се согласи да ги запре понатамошните напади.

Американскиот претседател повтори за Канал 12 дека верува оти договорот со Иран е сè уште на дофат, дека Техеран сака да го потпише и дека таков договор би бил корисен.

Трамп во вторникот за Фокс њуз изјави дека верува оти е само неколку дена од финализирање на договорот со Техеран пред да избувнат нови борби меѓу Израел и Иран.

Но, нема многу оптимизам дека Израел ќе соработува со Трамп и неговата креација за американската политика на Блискиот исток.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk