logo
logo
logo

Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Vecer | 08.02.2023

Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Организаторите истакнаа дека Меркел покажала политичка храброст кога Германија ги пречека бегалците кои побегнаа од конфликтите во Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја помеѓу 2015 и 2016 година.

Наградата за мир „Феликс Хуфе Буње“ која денеска и беше доделена на Ангела Меркел, го носи името на првиот претседател на Брегот на Слоновата Коска по независноста од Франција во 1960 година, а наградата беше доделена во Јамусукро, главниот град на Брегот на Слоновата Коска и родниот град на Хуфе-Буње.

Претседателот на жирито што ја додели наградата и добитник на Нобеловата награда за мир Денис Муквеге ја пофали Меркел за нејзината одлука да ги „отвори портите на Германија“ во време кога другите земји тоа не го сакаа.

- Му покажавте на јавното мислење и носителите на одлуки дека не мораме да ги браниме не само нашите права, туку и правата на другите во време на криза, дека на секое општество му треба повеќе од кога било да ги почитува и штити човековите права без никаква дискриминација. Ја пофалуваме вашата хуманост, вашиот дух на солидарност и вашето изразено чувство за етика и вашето инспиративно лидерство, рече Муквеге.

По врачувањето на наградата Меркел зборуваше за актуелната бегалска криза, особено за војната во Украина.

- Мислевме дека времето на војните во Европа помина, но од 24 февруари минатата година, кога се случи жестоката агресија на Русија врз Украина, дојдовме до тажен заклучок дека тоа не е така. Војната ја потресе Европа до нејзините корени, рече Меркел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk