logo
logo
logo

Мелони нуди радикално решение за трговскиот спор меѓу САД и ЕУ: Царините се грешка

Vecer | 27.02.2026

Мелони нуди радикално решение за трговскиот спор меѓу САД и ЕУ: Царините се грешка

Во интервју за Блумберг, Мелони нагласи дека Унијата треба да оди во „сосема спротивна насока“ од воведувањето царини и да работи на либерализација на трговијата со САД.

- Верувам дека царините меѓу Европа и САД се грешка. Треба да се движиме кон зона на слободна трговија - рече таа.

Трговските односи од двете страни на Атлантикот се дополнително комплицирани откако Врховниот суд на САД минатата недела поништи дел од овластувањето на претседателот Доналд Трамп за воведување таканаречени реципрочни царини.

Како одговор, американската администрација воведе глобална дополнителна царина од 10 проценти покрај постојните царински стапки.

Ова значи дека извозот од Унијата во САД во вредност од околу 4,2 милијарди евра ќе биде оптоварен со царини повисоки од претходно договорената граница од 15 проценти.

Италијанските производи се меѓу особено погодените, со оглед на тоа што САД се втор најголем извозен пазар на Италија.

Мелони нагласи дека Италија одиграла активна улога во постигнувањето на трговски договор меѓу ЕУ и САД минатото лето, но предупреди дека сегашните царински мерки ја загрозуваат стабилноста на тој договор.

Преговорите за воспоставување зона на слободна трговија меѓу ЕУ и САД беа прекинати во 2016 година, по силниот политички отпор кај некои земји-членки, особено поради несогласувањата околу третманот на земјоделските производи.

Оттогаш, двете страни се обидоа да ја подобрат соработката преку Советот за трговија и технологија, но оваа рамка не доведе до значајни конкретни резултати, додава агенцијата Њујорк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk