Рациите следат по големото намалување на заплените на фентанил во Мексико претходно оваа година, и неколку дена откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто на производи од Канада и Мексико, доколку тие земји не го ограничат протокот на мигранти и дрога преку границата. Мексикански безбедносен претставник изјави дека војниците и маринците синоќа забележале двајца мажи кои носат оружје во северната држава Синалоа, каде се наоѓа истоимениот нарко картел и ги бркале, а тие се сокриле во две куќи.
Во една куќа војниците пронашле околу 300 килограми фентанил, а во друга камион со околу 800 килограми дрога, главно во форма на таблетки.
Опиоидот фентанил е одговорен за околу 70.000 смртни случаи од предозирање годишно во САД, а американските власти се обидоа да ги засилат напорите да го запленат кога ќе дојде преку граница, често во форма на фалсификувани таблетки направени во Мексико од хемикалии главно увезени од Кина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата