logo
logo
logo

Меган Маркл: Заминав за да не страда мојот син, ДВОРОТ НЕ САКА ОБОЕНИ

Vecer | 08.03.2021

Меган Маркл: Заминав за да не страда мојот син, ДВОРОТ НЕ САКА ОБОЕНИ

Меган Маркл изнела низа шокантни детали во интервјуто кај Опра Винфри - од расизмот во британскиот Двор, преки своите мисли за самоубиство заради притисоците кои ги трпела, но и за тоа дека сите биле глуви за нејзината молба за помош.

Меган рекла дека веќе не сака да живее во страв и дека и е неверојатно што од неа се очекувало после толку време дека и понаму ќе молчи.

На прашањето зошто мисли дека кралското семејство не сакало од Арчи да направи принц рекла: „Во оние месеци кога бев бремена, се водеше разговор за тоа дека тој нема да добие сигурност, нема да добие титула и се истакнуваше загриженоста за тоа колку неговата кожа ќе биде темна.“

Меган објаснила дека разговорите и ги пренел Хари и дека семејството зборувало со него, а таа нема да каже чија изјава е тоа бидејќи „тоа многу би му наштетило на Дворот“.

Признала и дека веста оти Арчи нема да стане принц и била тешка, не затоа што сакала титула за него, туку затоа што тоа значело дека нема да добие сигурност.

„Најважната титула која некогаш ќе ја имам е 'мајка'. Но идејата дека нашиот син не е безбеден, како и идејата дека првиот член на кралското семејство кое е од мешана раса нема да се нарекува на ист начин како и останатите внуци...“

Меган рекла дека конвенцијата за тоа дали нејзините деца ќе јаносат титуата принц и принцеза била сменета додека била бремена.

„Не е нивно правото да одземат титула... Додека бев бремена рекоа дека сакаат да ја сменат конвенцијата за Арчи. Па зошто?“, вели Меган и додава дека вестите кои сугерираат оти изоставувањето на титулата била нејзина и одлука на Хари се потполно погрешни.

На прашањето на Опра дали „молчела или била замолчана“ Меган рекла дека сите во нејзиниот свет добиле „мошне јасна наредба“ да не даваат коментари од моментот кога јавноста открила дека таа и Хари се пар. Признала дека на почетокот мислела оти е „заштитена“, но тоа брзо се сменило.

„Бевме штотуку венчани и се почна да се влошува, тогаш сфатив дека не сум заштитена, туку дека се подготвени да лажат за да ги заштитат останатите членови на семејството. Но не беа спремни да ја кажат вистината за не заштитат мене и мојот сопруг“, додала Меган.

Меган зборувала и за тоа дека почнала да се чувствува осамено откако и било ограничено што смее, а што не. На приме, не смеела да оди на ручек со своите пријатели.

- Перцепцијата втемелена на бајките, значително се разликува од реалноста, рекла Меган и додала: Ве оценуваат според перцепцијата, но живеете реалност.

[embed]https://youtu.be/MhbRw04ZBx8[/embed]

Меган Маркл при гостувањето кај Опра Винфри изјави дека во кралското семејство постои „загриженост за тоа колку ќе биде темна кожата на Арчи“, а принцот Хари додаде дека станува збор за „многу непријатен разговор“ и дека е „шокиран“.

Двајцата не наведоа кои членови на кралското семејство го покренаа ова прашање, но Винфри рече дека тие потврдуваат дека не биле вмешани ниту кралицата Елизабета Втора, ниту нејзиниот сопруг, принцот Филип.

"Хари ми го кажа тоа, и ме праша дали можам да споделам со другите медиуми, дека ниту неговата баба ниту неговиот дедо не учествувале во такви разговори. Тој не ми кажа за кого од кралското семејство станува збор, и се обидов да дознаам пред снимањето, но и по интервјуто “, рече водителката.

Да потсетиме, принцот Хари и Меган Маркл ја разбрануваа светската јавност со интервју во кое раскажуваа досега непознати детали за тоа зошто го напуштиле кралското семејство и се преселиле во САД.

На изјавата за новата загриженост поради бојата на кожата на Арчи реагираше и министерката за детски права на Велика Британија, Вики Форд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk