logo
logo
logo

Медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп

Vecer | 14.11.2024

Медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп

Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој води два случаи против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се очекува да ги прекине истрагите и да поднесе оставка пред идниот претседател да го разреши, пренесоа американските медиуми, јави ДПА.

За време на неговата кампања, Трамп рече дека ќе го разреши Смит „за две секунди“, но според информациите на Њујорк Тајмс и Вашингтон пост, обвинителот ќе поднесе оставка пред тоа.

Практиката на американското Министерство за правда е да не ги истражува актуелните претседатели, посочува ДПА. Обемот на таа практика неодамна беше проширен со одлука на Врховниот суд.

Смит побара од судот во Флорида да му даде рок до 2 декември да ги разгледа „околностите без преседан“, објавија Политико и Фокс Њуз, повикувајќи се на судски документи.

Трамп беше обвинет во Флорида за наводно незаконско задржување доверливи документи по завршувањето на неговиот мандат и попречување на истрагите. Во јули, Смит побара повторно судење откако судијата претходно го одложи. Дури и пред реизборот на Трамп минатата недела, не беше јасно како ќе продолжи случајот.

Трамп, исто така, беше обвинет во Вашингтон за обид за изборна измама, како и за неговата улога во упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Смит мора да го информира тамошниот суд до 2 декември како има намера да постапи и во овој случај.

Трамп синоќа објави дека ќе го замени актуелниот државен обвинител Мерик Гарланд со десничарскиот тврдокорен Мет Гејц, кој и самиот е предмет на истрага на Министерството за правда за трговија со луѓе и секс со малолетнички. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk