logo
logo
logo

Маж во Северна Ирска намерно запалил куќа и убил три генерации од исто семејство

Vecer | 06.06.2023

Маж во Северна Ирска намерно запалил куќа и убил три генерации од исто семејство

Дениз Госет (45), нејзиниот син Роман (16), нејзината ќерка Сабрина (19) и 15-месечната ќерка на Сабрина, Моргана загинаа во пожар на 27 февруари 2018 година, во нивниот дом во Дерилин.

Даниел Себастијан Ален (32) се изјаснил за виновен за убиствата на Роман и Сабрина Госет, како и на Моргана, денеска во Судот во Крајгавон. Тој, исто така, се изјаснил за виновен за подметнување пожар и, во врска со смртта на 45-годишната Дениз, го признал убиството од небрежност „поради пакт за самоубиство“.

Ален е осуден на доживотен затвор, а во септември ќе има ново рочиште за да се утврди која ќе биде минималната казна пред да се разгледа барањето за ослободување, пишува The Guardian.

32-годишниот маж, кој е во притвор од 2018 година, за време на судењето тврдел дека се договорил со Дениз да ја убие и тврдел дека немал намера да ги убие другите членови на семејството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk