Во преден план се гледа човек кој се качил на седиштето и се обидува со нога да го скрши потпирачот за грб, додека останатите патници шокирани го гледаат.
Во леталото бил и Џино Галофаро кого, како што вели, го разбудила бучава, по што морал да асистира во една необична „акција“ меѓу облаците, пренесува Daily Star.
„Ги отворив очите кога човекот го клоца седиштето. Стјуардесата неколку пати помина покрај него, никој ништо не направи. Некако го задржав, а ми помогнаа уште двајца патници. Ги зедовме безбедносните појаси и го врзавме“, изјави Галофаро.
Авионот во моментот на инцидентот се наоѓал на 40 минути од Лос Анџелес, а по слетувањето во кабината влегле припадници на полицијата. Галофаро рече дека се надева дека ќе стапи во контакт со семејството на неименуваниот маж и ќе понуди помош.
United Airlines потврди дека во авионот имало 76 патници и пет членови на екипажот.
„На 16 ноември, локалните органи за спроведување на законот дојдоа на летот 502 по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, откако еден патник го наруши мирот. Им благодариме на екипажот што помогна да се реши ситуацијата и се грижеше за безбедноста. Актерот на инцидентот доби забрана за идни летови со нашата компанија“, е соопштено.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата