logo
logo
logo

Мавташе со моторна пила и воведе строги мерки: ЗЕМЈАТА СЕГА РАПИДНО РАСТЕ

Vecer | 29.03.2025

Мавташе со моторна пила и воведе строги мерки: ЗЕМЈАТА СЕГА РАПИДНО РАСТЕ

Економската активност на Аргентина порасна за 6,5 отсто во јануари оваа година во споредба со јануари минатата година, што е најбрзиот економски раст од средината на 2022 година, покажаа официјалните податоци објавени деновиве.

Економијата на оваа латиноамериканска земја го забележа третиот последователен месец на раст, забрзувајќи го своето темпо по растот од 6 отсто на годишно ниво во декември. Истовремено, економскиот раст ги надмина проценките на аналитичарите, кои очекуваа просечен раст од 4,7 отсто.

На месечна основа, аргентинската економска активност порасна за 0,6 отсто во јануари, со што го постигна четвртиот последователен месечен раст. Економијата на Аргентина која се бори во последниве месеци покажува знаци на пресврт, откако беше силно погодена од строгите мерки за штедење спроведени од слободарскиот претседател Хавиер Милеј.

Меѓу 10-те економски сектори кои забележаа раст во јануари, финансиското посредување и трговијата на големо и мало беа главните двигатели на националниот раст, покажаа податоците на агенцијата за статистика INDEC.

Моторна пила како симбол

Како што потсетува Индекс, Милеј победи во вториот круг од претседателските избори во ноември 2023. За време на кампањата, тој ги нарече своите конкуренти „политичка каста“, „комунисти“, „паразити“ и „пијавици“, а своите политички митинзи ги водеше со моторна пила, што ја симболизира неговата намера да ги „крати“ државните трошоци.

Тој презеде земја со хронична инфлација (дури 143 отсто за една година), структурен долг, а 40 отсто од нејзините граѓани се сиромашни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk