logo
logo
logo

Идниот германски канцелар ја налути Москва со коментарите за мостот на Крим

Vecer | 14.04.2025

Идниот германски канцелар ја налути Москва со коментарите за мостот на Крим

„Размисли двапати, нацист“, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев на Х.

Во интервју за германската јавна телевизија АРД во неделата, Мерц рече дека украинската војска треба да излезе од дефанзива и сугерираше дека уништувањето на мостот – најважната врска од Русија до Крим – може да помогне.

Мерц, исто така, ја повтори својата долгогодишна отвореност за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел Таурус во Украина.

- Кандидатот за канцелар Фриц Мерц е прогонуван од сеќавањето на неговиот татко, кој служел во хитлеровите Вермахт. Сега Мерц предложи напад на Кримскиот мост. Размисли двапати, нацист!, напиша Медведев на Х.

Киев постојано повторува дека сака да го бомбардира мостот, потег против кој Москва сериозно предупредува.

Мерц треба да биде назначен за германски канцелар на почетокот на мај, откако неговиот централно-десничарски блок победи на парламентарните избори во февруари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk