logo
logo
logo

Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД: Едно лице почина

Vecer | 23.10.2024

Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД: Едно лице почина

Американскиот Центар за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна.

ЦДЦ објави дека случаите се пријавени во Колорадо, Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Небраска, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг, а најмногу во Колорадо - 26 случаи.

„Сите лица што ги испрашавме јаделе во Мекдоналдс, а повеќето од нив консумирале хамбургери Quarter Pounder“, наведе ЦДЦ во својот извештај.

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) и државните здравствени органи ги истражуваат случаите. Иако точната причина сѐ уште не е потврдена, се смета дека говедското месо и кромидот се потенцијални виновници. Мекдоналдс привремено го повлече хамбургерот од продажба во областите каде се пријавени случаи.

„Безбедноста на храната е наш приоритет и ги преземеме сите неопходни мерки“, соопшти Мекдоналдс. //МИА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk