<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Еден од
најбогатите луѓе во светот, Илон Маск, смета дека лесно можело да се предвиди
поразот на Украина во конфликтот со руската армија.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">„Тоа беше лесно
да се предвиди. Всушност, го предвидов“, напиша Маск на својот профил на
социјалната мрежа Х, коментирајќи ја објавата на еден од корисниците на
платформата, кој објави фотографија со два написи на Политико за конфликтот во
Украина.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Првиот напис е со
наслов „Украина победува – и се менува“, додека вториот гласи „Украина се лизга
во пораз“, Маск рече дека ситуацијата на украинскиот фронт се влошува секој ден
и дека сето тоа можело да се избегне. ако пред една година бил склучен мировен
договор.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Генералниот
директор на компанијата SpaceX и Tesla постојано се залагаше за решавање на
конфликтот во Украина преку дипломатски средства, за што беше критикуван во
Киев. Маск изјави и дека доделувањето нов пакет помош за Киев и продолжувањето
на конфликтот нема да и помогне на Украина.</span>