logo
logo
logo

Познат е датумот кога Фридрих Мерц ќе биде избран за германски канцелар

Vecer | 12.04.2025

Познат е датумот кога Фридрих Мерц ќе биде избран за германски канцелар

Изворот наведува дека за ова се договориле ЦДУ и нивните партнери од Социјалдемократската партија на Германија (СПД), пренесе Ројтерс.

Политико објави дека како дел од договорот за новата германска влада, министерствата за надворешни работи и економија ќе ги водат конзервативните министри од партијата ЦДУ, додека нивните коалициски партнери од СПД ќе ги преземат ресорите за финансии и одбрана.

Весникот наведува дека во новата германска влада на чело со канцеларот  Мерц, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) ќе го предводи Министерството за внатрешни работи.

Политико пишува дека пратеникот на ЦДУ, Јохан Вадефул, најверојатно ќе ја замени Аналена Баербок на функцијата министер за надворешни работи на Германија, со оглед на неговите долгогодишни врски со Вашингтон и Брисел.

Освен Вадефул, ова ресор би можело да го преземе и поранешниот лидер на ЦДУ Армин Лашет или Јенс Шпан, кој е добро поврзан со американските републиканци, иако не е искусен дипломат.

Бриселскиот весник наведува дека се очекува Борис Писториус да продолжи како министер за одбрана, на кој беше назначен околу една година по почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, а во анкетите постојано се рангира како еден од најпопуларните политичари во Германија.

Кога станува збор за Министерството за финансии, главни кандидати за шеф се Ларс Клингбејл, кој беше еден од главните преговарачи на СПД во коалициските преговори и Јорг Кукис, долгогодишен советник на поранешниот канцелар Олаф Шолц.

Карстен Линеман, еден од најблиските сојузници на идниот канцелар Фридрих Мерц, најверојатно ќе го преземе Министерството за економија, а новиот министер за внатрешни работи се очекува да стане поранешниот министер за транспорт на ЦСУ, Александар Добринт, пишува бриселскиот портал.

Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.

Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со таа партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk