logo
logo
logo

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Vecer | 01.04.2025

Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата

Таа нагласи дека нема големи надежи дека нејзината жалба ќе биде разгледана пред изборите.

Според неа, забраната е „политичка одлука“.

- Да бидеме искрени, јас бев елиминирана, но вистината е дека елиминирани беа и гласовите на милиони Французи, изјави Ле Пен за францускиот TF1.

Таа додаде дека ќе ги искористи сите правни средства за да ја поништи пресудата, по што би можела да ја разгледа можноста повторно да се кандидира.

Доколку не успее, 29-годишниот лидер на Национален собир, Жордан Бардела, може да биде нејзин кандидат за претседател.

- Жордан Бардела е голем адут за партијата, и тоа го велам одамна, нагласи Ле Пен.

Таа истакна дека одлуката на судот претставува „практика која сме ја сметале за резервирана за авторитарни режими“ и дека милиони Французи се „восхитени“ од нејзината борба против „неправдата“.

Француски суд вчера донесе одлука според која Марин Ле Пен од десничарската француска партија Национален собир е осудена на четири години затвор поради проневера на средства од европски фондови.

Според одлуката, две од вкупно четирите години затвор ќе бидат условна казна. Судот пресуди и дека Ле Пен треба да добие петгодишна забрана за вршење јавна функција и треба да плати парична казна од 100.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk