logo
logo
logo

Фијала: Русија нема да престане

Vecer | 18.03.2025

Фијала: Русија нема да престане

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска на конференцијата „Нашата безбедност не се подразбира“ во Прага изјави дека бесмислено е да се гради архитектурата на безбедноста во Европа која би се потпирала на довербата во Русија сè додека краде туѓи територии.

„Искуствата од последниве години се апсолутно немилосрдни. Тоа е обична илузија ако не го видиме тоа. Русија нема да престане. Кој ќе ми каже дека ќе престане, ќе се лаже и себеси како кога се зборуваше дека Русија ќе се запре по анексијата на Крим. Нема да престане. Знаеме дека на Русија и се потребни четири до шест години додека после една војна не се подготви за друга војна“, рече чешкиот премиер.

Додаде дека мирот во Украина не може да се постигне само со преговори со Кремљ.

„Дипломатијата без економски и воени аргументи не функционира“, предупреди Фијала.

Чешкиот премиер потсети дека Европа добила јасна порака од новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп дека мора да се грижи за сопствената одбрана и дека затоа е време Европската унија да ја ревидира својата зелена политика и да почне да инвестира во вооружувањето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk