logo
logo
logo

Македонија меѓу 9-те земји кои бараат ВЛЕЗ на Украина во НАТО

Vecer | 02.10.2022

Македонија меѓу 9-те земји кои бараат ВЛЕЗ на Украина во НАТО

Македонија е меѓу девет земји од Централна и Источна Европа кои го прифаќаат барањето на Украина за членство во НАТО, се вели во заедничката изјава.

Документот го потпишаа претседателите на Романија, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска и Словачка, кои наведуваат дека „цврсто стојат зад одлуката донесена на Самитот на НАТО во Букурешт за идното членство на Украина“.

„Ние, претседателите од Централна и Источна Европа, од земји чиишто лидери го посетуваа Киев за време на војната и лично беа сведоци на последиците од руската агресија, не можеме да молчиме пред фрапантното прекршување на меѓународното право од  Руската Федерација и во таа насока ја даваме следнава изјава: Повторно ја изразуваме нашата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не ги признаваме и никогаш нема да ги признаеме руските обиди за анектирање на која било украинска територија“, се наведува во заедничката изјава.

Канцеларијата на Володимир Зеленски соопшти дека Украина веќе ја има поддршката од 10 земји од блокот за да се приклучи на НАТО.

Михајло Подољак, главниот советник во кабинетот на претседателот, на Твитер напиша дека тоа се „главно земји кои ги паметат отровните канџи на Руската империја".

„Ние сме благодарни за раководството и одговорноста. Денеска се пишува историја“, додаде тој.

Претседателотна Украина Володимир Зеленски објави во петокот дека аплицира за членство во НАТО и го потпишал барањето за забрзано пристапување кон безбедносната алијанса од 30 држави.

Извор: АП

Фото: архива

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk