logo
logo
logo

МАФИЈАТА ВО ПРОБЛЕМИ: Им пропаѓа „бизнисот“ поради новите генерации кои дремат на мобилни

Vecer | 14.10.2021

МАФИЈАТА ВО ПРОБЛЕМИ: Им пропаѓа „бизнисот“ поради новите генерации кои дремат на мобилни

Според извештаите на „Волстрит џурнал“, искусни мафијаши се жалат на младите надежи на мафијата, бидејќи тие се несигурни и, како што велат, „пишуваат“ премногу на мобилните телефони.

Наводниот водач на њујоршкото криминално семејство Коломбо, 87-годишниот Ендрју Русо, беше уапсен минатиот месец, а една од причините за неговиот пад е тоа што тој неуспешно управувал со помлади соработници, изјави поранешниот агент на ФБИ, Скот Кертис, за „Волстрит Журнал“.

Долгорочното микро-управување на Русо покажало недоверба во способноста на мафијашите на пониско ниво, смета Кертис.

Неколку поранешни државни истражители велат дека долгогодишните мафијаши не работат на начин на кој се навикнати нивните постари соработници и колеги, така што тоа создава проблем за организациите.

„Постарите членови на мафијата се жалат дека милениумците, кои пораснале во предградијата, а не на градските улици, се помеки, поглупави и немаат код за лојалност, како и нивните претходници. Покрај тоа, тие секогаш „пишуваат" на мобилен телефон“, пишува новинарот на списанието.

Преписката на милениумците преку мобилни телефони многу го чинеше наводниот водач на семејството Коломбо.

Еден од неговите помлади соработници е обвинет дека испраќал заканувачки пораки додека изнудувал пари. Ова на крајот се покажало како инкриминирачки доказ.

„Се е во нивните телефони“, им рече на новинарите поранешен член на мафијашкото семејство.

„Иако секојдневната работа на мафијата изгледа малку поразлична од работата на остатокот од светот, проблемите со управувањето не се толку различни. Овие пукнатини во функционирањето на организираниот криминал се микрокосмос измачуван од генерации војни, а работното место е бојно поле. „Милениумците создадоа нова нормалност“ која целосно се заснова на дигиталниот свет".

Овој јаз во генерациите е толку голем што се чини дека дури и влегол во подземниот свет на работата, каде што високите личности, како што е гореспоменатиот Русо, се навикнати на традиционалниот начин на работа, и затоа не се подготвени да ја напуштат својата моќ на помладата генерација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk