logo
logo
logo

Мадуро го повика да Силва да одлучи за ветото на Бразил за пристапувањето на Венецуела во БРИКС

Vecer | 29.10.2024

Мадуро го повика да Силва да одлучи за ветото на Бразил за пристапувањето на Венецуела во БРИКС

Претпочитам да чекам Лула да види, да биде добро информиран за настаните и во својство на шеф на државата да каже што има да каже, рече Мадуро на венецуелската државна телевизија.

Венецуела, која се бори со тешка економска криза влошена од американските санкции против Каракас, изрази желба да се приклучи на БРИКС на состанокот на асоцијацијата во рускиот град Казан минатата недела. Иако Русија ја поддржа Венецуела, Бразил стави вето на кандидатурата на Венецуела.

Мадуро не го обвини директно Лула за ветото, туку претпочита да го нападне бразилското Министерство за надворешни работи.

Бразилското Министерство за надворешни работи „со години беше држава во држава (. . .) која секогаш заговараше против Венецуела“, посочи венецуелскиот претседател.

Лула, долгогодишен сојузник на Мадуро и на неговиот претходник Хуго Чавез, се огради од венецуелскиот претседател по неговиот реизбор на 28 јули, кој го оспори опозицијата.

Каракас бурно реагираше на ветото на Бразил, нарекувајќи го „агресија“ и „непријателски чин“ кој е „необјаснив и неморален“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk