logo
logo
logo

Луана, Италијанката која ја уби капитализмот: Загинала на работно место бидејќи не била обучена да работи на машина

Vecer | 19.06.2021

Луана, Италијанката која ја уби капитализмот: Загинала на работно место бидејќи не била обучена да работи на машина

Луана Доразио, 23-годишна самохрана мајка од Италија, на почетокот на мај загина на работното место.

Работеше во текстилна фабрика „Ордитура Луана“ во Прат, во близина на Фиренца.

Ја здроби голема машина и умре на работното место.

Истрагата покажа дека на контролната плоча биле тргнати осигурачите кои би оневозможиле ваков развој на настаните.

Не била обучена за работа

Несреќната Луана не била обучена за работа на оваа машина, а објаснети ѝ се само основите на работата. Не поминала никаква обука, а не положила ни испит за безбедност при работа. Во моментот на смртта немала заштитен комбинезон, кој е стандард.

Истражителите наведуваат дека била приправничка и дека некој морало да ја надгледува за време на работата. Исто така, во нејзиниот договор наведено е дека може да работи само под надзор.

Но, фабриката не вработила доволно луѓе кои би требало да надгледуваат.

Под истрага засега се тројца луѓе – Луана Копини, сопственичка на фирмата, нејзиниот сопруг Даниеле Фаџи и шефот на одржување Марио Кусимано.

Сè повеќе вакви случаи

Случајот на Луана не е единствен. Локалните медиуми јавуваат дека пред само три месеци на сличен начин загинало и момче на иста возраст.

Во друга фирма, „Текстпринт“, работниците штрајкуваат веќе со месеци – на еден од нив машината му отсекла дел од прстот.

„Никој не нè научи како да ги користиме машините“, вели тој.

Сè ескалираше кога непознати сторители пред „Текстилпринт“ со штици ги претепаа работниците кои штрајкуваа, пишува „Нотице ди Прато“.

Од фабриката се правдаат.

„Не најмивме обезбедување, никому не сме рекле да ги тепаат. Тоа се, можеби, наши вработени кои изгубиле трпение“, велат од „Текстилпринт“.

Според обвинителството во Прат, под водство на Џузепе Николоси, Луана Доразио не би умрела ако фирмата ги применувала законските мерки за заштита.

Република“ пишува дека ликот на Луана е овековечен на мурал во римската градска населба Пињето.

„Луана, текстилна работничка, 22 години, ја уби капитализмот. Жртва е на изопачената индустриска логика заснована на профит. Нема да ја заборавиме“, напишаа активистите на тамошниот социјален центар на Фејсбук покрај сликата од нејзиниот мурал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk