Бас го победи Рик Карузо, милијардер претприемач поддржан од Илон Маск.
И двајцата биле претставници на Демократската партија, а Карузо за својата кампања потроши околу 100 милиони долари. Бас, која го отслужува шестиот мандат во Претставничкиот дом, беше кандидат на Џо Бајден за 2020 година.
Таа ја најави својата кампања за градоначалник во септември минатата година, велејќи дека решавањето на кризата со бездомниците ќе ѝ биде главен приоритет.
„Го поминав животот здружувајќи ги луѓето за да ги решат сложените проблеми и да направат конкретни промени, особено во време на криза“, рече Бас.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата