logo
logo
logo

Лојд Остин во Киев најави нов пакет американска помош за Украина од 400 милиони долари

Vecer | 21.10.2024

Лојд Остин  во Киев најави нов пакет американска помош за Украина од 400 милиони долари

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk