logo
logo
logo

Лизгалиште срушило италијански гробишта, стотина ковчези завршиле во МОРЕ (фото/видео)

Vecer | 25.02.2021

Лизгалиште срушило италијански гробишта, стотина ковчези завршиле во МОРЕ (фото/видео)

Видо-снимка која прикажува момент од пропаст на гробишта во Камољи во италијанскиот регион Лигурија на социјалните мрежи се рашири со невероватна брзина и предизвика паника.

Гробиштата, сместени на ивица на карпа, во понеделникот “паднале“ во вода, после лизгање на тлото.

Се проценува дека 200 ковчези паднале во Средоземното море како резултат на оваа “незамислива катастрофа“, како што рекол градоначалникот на Камољи Франческо Оливари.

Во Камољи моментално во тек е потрага, каде што гњурачи и стручњаци од италијанското централно оделение за вонредни ситуации обидувајќи да ги пронајдат и поправат ковчезите кои паднале во море после колапсот.

Гробиштата во Камољи стари се повеќе од 100 години.

Карпата на која се наоѓале гробиштата попуштила поради силни бури во последните неколку години, што било причина за појава на ерозија и лизгање, констаирано од италијанското Национално собрание на геолози.

Иако потрагата и понатаму трае, службеници на цивила заштита велат дека пронаоѓањето и “опоравување“ на лешевите ќе “зависи од морето во наредните денови“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk