Економскиот хаос го роди очекуваниот епилог - пуштен е низ вода министерот за финансии Квази Квартенг.
„Исклучително ми е жал што го изгубив. Тој е мој голем пријател и ја споделува мојата визија за создавање услови за економски раст“, изјави британската премиерка Лиз Трус.
Премиерката тврди дека Квартенг поднел оставка од функцијата. Од неговото писмо се гледа дека е отпуштен.
Џереми Хант, министерот за надворешни работи на Тереза Меј и ривал на Лиз Трас на овогодинешните избори за лидер на партијата, се преселува во Даунинг стрит 11. Целта на назначувањето е да се помират двете струи на Конзервативната партија.
Но, Хант беше фискално поблиску до радикалната политика на Трасова отколку до умерената политика на Риши Сунак. Затоа пазарот реагира резервно.
„Мораме да дејствуваме сега за да ги увериме берзите во нашата фискална дисциплина. Затоа решив да го оставам на сила зголемувањето на корпоративниот данок, што беше планирано од претходната влада. На овој начин ќе собираме 18 милијарди фунти годишно, што ќе послужи како залог за нашиот среднорочен фискален план, придружен со независна среднорочна прогноза“, нагласи Трас.
Прес-конференцијата на премиерката беше најкратката во историјата, бидејќи секој репортер сакаше да знае само едно - зошто Трас не ја сподели одговорноста со Квартенг и не поднесе оставка? Аналитичарите и граѓаните се согласуваат со медиумите.
Премиерката го пушти низ вода другарот и пријателот за да добие време. Но, судејќи според првите реакции, тоа време се мери со часови и денови, а не со недели и месеци.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата