„Соединетите Американски Држави никогаш не биле поблиску до склучување навистина добар договор, за разлика од ужасниот договор потпишан од Барак Обама“, изјави Ливит, алудирајќи на нуклеарниот договор од 2015 година што подоцна беше поништен од претседателот Доналд Трамп.
Ливит рече дека САД се блиску до договор, но додаде дека Трамп има повеќе опции доколку не се постигне договор и оти нема да се двоуми да ги искористи. Таа посочи дека претседателот и претходно покажал дека ги спроведува своите најави.
Според Трамп, примирјето договорено меѓу САД и Иран треба да истече во среда. Доколку не се постигне договор, тој најави дека ќе нареди напади врз енергетскиот сектор и цивилната инфраструктура.
Се уште не е познато дали ќе се одржи втора рунда преговори пред истекот на примирјето.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата