logo
logo
logo

Две жртви, најмалку 11 повредени во пожар на пристаниште во Мијанмар

Vecer | 21.04.2026

Две жртви, најмалку 11 повредени во пожар на пристаниште во Мијанмар

Несреќата се случила доцна синоќа кога пожар избувнал при претовар на гориво од танкер во пристаништето Хомалин во северозападниот регион Сагаинг.

Пламенот брзо се проширил на други бродови, пловила и возила во пристаништето, додека на видео-снимки објавени на социјалните мрежи може да се забележи густ црн чад што се издига над подрачјето. Според извештаите, пожарот се уште не е целосно изгаснат.

Неколку од повредените лица во инцидентот се во критична состојба.

Очевидци изјавиле дека на бродовите имало илјадници буриња со гориво, а дел од пловилата се обидувале да го напуштат пристаништето иако веќе биле зафатени од пожарот. Огнот брзо се проширил поради високите температури во регионот.

Пристаништето воглавно се користи за локален транспорт на стоки и гориво. Сличен инцидент беше регистриран и во март, кога се запалија два танкери при што загинаа најмалку шест лица. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk