logo
logo
logo

Ликуд на Нетанјаху го потпиша својот прв коалициски договор со екстремно десничарската партија

Vecer | 25.11.2022

Ликуд на Нетанјаху го потпиша својот прв коалициски договор со екстремно десничарската партија

 Ликуд, победничката партија на предвремените парламентарни избори на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху, која има задача да формира нова влада, го потпиша својот прв коалициски договор со екстремно десничарската партија „Силен Израел“, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на партијата Ликуд.

Договорот не предвидува целосно и конечно формирање на новата влада, туку на ултранационалистот Итамар Бен-Гвир, лидерот на „Силен Израел“, му го дава министерството за полиција и место во кабинетот на премиерот за безбедносни прашања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk