Касем изјави дека она што го опиша како „злосторничка американска и ционистичка агресија“ насочена против Хамнеи претставува „врв на криминалот“.
- Ќе ја исполниме нашата должност во соочувањето со агресијата, уверени во победата, водството и поддршката од Алах – се закани Касем.
Либанскиот шиитски Хезболах, кој се смета за една од најистакнатите групи спонзорирани од Иран во регионот, организира јавен собир подоцна денеска во знак на лојалност кон Хамнеи и поддршка за Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата