logo
logo
logo

Елиминиран Али Хамнеи – продолжува нападот врз Иран

Vecer | 01.03.2026

Елиминиран Али Хамнеи – продолжува нападот врз Иран

-Лидерот и имам на муслиманите, неговото височевство, големиот Ајатолах Сејед Али Хосеини Хамнеи во име на славата на светиот храм на Исламската репубплика Иран го испи нектарот на мачеништвото и се приклучи во небесното царство,- - Иранска државна телевизија.

Неколку моменти по веста за смртта на Ајатолахот - Валиаср, плоштадот во срцето на Техеран се исполни со тага и гнев, низ лелекот на насобраните, се погласно одекнуваат повици за одмазда кон Израел и САД.

Вест која предизвика чувство на гнев кај луѓето,  полно со омраза кон Израел и Америка. Мора да се одмаздиме во чест на нашиот лидер. / Ќе ги раскинеме. Посегнаа да убијат некого поради неговата религија. /Сите сакаат одговорот на ова да биде силен до последен момент, со кој узурпаторот Израел ќе биде избришан од лицето на земјата, како што господарот самиот кажа, Израел мора да биде отстранет.  

Тагата и бесот ги надмина границите на Иран, демонстрациите во Карачи – Пакистан резултираат со 9 жртви по нападите на американскиот конзулат – се скандира, се палат возила и траат судири со полицијата.

Сепак, додека едни тагуваат, други во смртта на Хамнеи слават и гледаат можност за поразлична иднина – Велат се одвива војна која долго се очекувала.. Поделеноста носи стравувања и од внатрешни, граѓански судири..

-Ова војна е токму она што го баравме, ние сме одговорни за неа и ја посакувавме, разберете дека исламскиот режим не е Иран, Иран е различна нација со повеќе од 2500 години историја, а овој режим е само окупација. Не го сакаме повеќе исламот во нашата земја, треба да се отарасиме од него, и токму тоа го правиме,- -Киан Садегиан – Иранец.

Подготвеност за вакви моменти постои, пресметана е дури и смртта на Ајатолахот, порача официјален Техеран. Формиран е раководен совет до избор на нов лидер, а првите нивни зборови се смртна закана и жесток одговор кон САД и Израел.

-Ова не е само војна за опстанок, туку долго потиснуван гнев чие време за конечна одмазда дојде. Ќе ве нападнеме со толку застрашувачки налети што ќе бидете натерани да молите. Ќе видите дека вашите илузии нема да траат подолго од неколку дена,- - Мохамед Багер Галибаф – Претседател на собранието на Иран.

Во меѓувреме експлозиите и сирените за тревога продолжија да одекнуваат на Блискиот исток и да влеваат страв. Проектили продолжуваат да се лансираат кон и од Иран. Главни мети остануваат Техеран, Тел Авив, а се бомбардираат и Дубаи и Бахреин.. Бројот на жртви во Иран расте, надмина 200. Во Тел Авив еден загинат.

Израелските власти пак возвратија, ќе продолжиме додека целосно не падне режимот.

-Целта е значително и темелно да му наштетиме на иранскиот терористички режим кој претставува постојана егзистенцијална закана за Израел. Создаваме услови, војската и операциите да го собориме режимот,- Ефи Дефрин – Портпарол на израелските одбранбени сили.

Покрај САД и Израел, во одбранбени акции се приклучи и Британија во заливот, а за прв пат Иран испука балистички ракети кон Европа, односно кон Кипар, но беа пресретнати, а властите во Никозија кажаа дека не се загрозени и оти не сметаат дека биле наменети за нив.

Во моментов од САД велат дека продолжуваат со операцијата, која пред итниот Совет за безбеднос на ОН, нападите ги оценија како масивна и тековна и ги оправдуваа како неопходна со цел да се спречи развивањето на нуклеарно оружје во Иран, како директна опасност за Америка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk