logo
logo
logo

Либиската централна банка ќе добие поддршка од ООН за излез од кризата

Vecer | 03.09.2024

Либиската централна банка ќе добие поддршка од ООН за излез од кризата

Мисијата на ООН за поддршка на Либија вчера одржа разговори во Триполи за решавање на проблемот со кризата во Либиската централна банка, што ја спречува банката да врши трансакции повеќе од една недела, се наведува во соопштение од Светската организација.

На средбата учествуваа претставници на Либиската Претставничка комора (долниот дом на парламентот), како и претставници од државниот и претседателскиот совет.

Според Мисијата на ООН за поддршка на Либија, постигнати се „значајни договори“ за решавање на кризата во Либиската централна банка.

Пратениците се согласија да го презентираат нацрт-договорот пред двете комори на парламентот, со цел денеска документот да биде финализиран и потпишан./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk