Снимките објавени од либанските медиуми покажаа оклопни возила на либанските вооружени сили како се оддалечуваат од Кфар Тебнит, објави „Тајмс оф Израел“.
Градот Кфар Тебнит се наоѓа на периферијата на Набатија, град кој се смета за упориште на Хезболах. Неименуван функционер на израелските одбранбени сили изјави претходно оваа недела дека ИДФ е подготвен да започне офанзива против Хезболах во Набатија.
Порано денес, израелската армија (ИДФ) издаде наредба за жителите на 20 градови и села во јужен Либан да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Захрани.
Според наредбата, евакуацијата опфаќа неколку локации во регионите Набатија и Џазан, вклучувајќи ги Деир ал-Захрани, ал-Намирија, Набатија ал-Тахта и ал-Фавука, Кфар Руман, како и други околни села, објави Ал Џезира претходно денес. Израелските одбранбени сили (ИДФ) подоцна соопштија дека над 70 локации на Хезболах во јужен Либан биле погодени во изминатиот ден и дека неколку оперативци на Хезболах биле убиени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата