logo
logo
logo

Либан ги повика САД и Франција да извршат притисок врз Израел да го почитува примирјето

Vecer | 03.12.2024

Либан ги повика САД и Франција да извршат притисок врз Израел да го почитува примирјето

Привремениот либански премиер Наџиб Микати и претседателот на парламентот Набих Бери им се обратија на американските и француските официјални лица за ескалацијата на тензиите, наведувајќи дека прекинот на огнот „ослабнал“ помалку од една недела откако стапи на сила, јавија британските медиуми.

Договорот со посредство на САД, што стапи на сила на 27 ноември, му забранува на Израел да започне офанзива на либанска територија, додека Либан мора да го спречи Хезболах да го нападне Израел.

Бери повика на брзо распоредување на механизам за следење, што ќе започне да го следи почитувањето на прекинот на огнот, додека Израел тврди дека неговата воена активност е насочена кон одржување на мирот.

Според либанските власти, најмалку 11 лица загинаа вчера во израелските напади врз Либан, кои тие го оценија како најтежок ден од почетокот на прекинот на огнот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk