logo
logo
logo

Ледениот бран однесе седум животи

Vecer | 29.11.2022

Ледениот бран однесе седум животи

Пекинг - Седум лица загинаа откако екстремно студено време го погоди Алтај во автономната област Ксинџијанг Ујгур во северозападна Кина.

Според информациите од локалните власти, Алтај го претрпел најсилниот студен бран во изминатите 10 години, придружен со силни ветрови и виулици, јавува Кинеското меѓународно радио.

Осум лица наводно исчезнале во близина на националниот автопат Г217, кој е клучна врска меѓу северниот и јужниот дел на Ксинџијанг. Повикот за спасување бил испратен во саботата околу 11 часот, а локалната полиција веднаш тргнала во акција.

Во неделата сите осум лица беа пронајдени и испратени во болница.

Во меѓувреме починаа седум лица, а виталните функции на осмото во моментов се стабилни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk