logo
logo
logo

Лавров: Русија им помага на африканските земји да ја зајакнат својата безбедност

Vecer | 20.12.2025

Лавров: Русија им помага на африканските земји да ја зајакнат својата безбедност

Русија им помага на африканските земји да ја зајакнат својата безбедност, првенствено преку борбата против тероризмот, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на отворањето на втората министерска конференција на Форумот за руско-африканско партнерство.

- Ние им помагаме на африканските земји да ги зајакнат одбранбените способности за да се спротивстават на внатрешните и надворешните закани, пред сè терористичките, нагласи Лавров, пренесе РИА Новости.

Тој додаде дека Москва со африканските држави разговара и за соработка во областа на мирнодопското користење на нуклеарната енергија.

- Соработката во сферата на мирнодопското користење на атомската енергија се разговара со нашите африкански колеги. Нашата корпорација Росатом потпиша 13 такви спогодби, истакна Лавров.

Тој додаде дека моментално околу 400 студенти од 23 африкански земји во Русија се обучуваат во областа на нуклеарната технологија.

Како што наведе Лавров, Русија ги поседува сите неопходни компетенции за реализација на проекти за нуклеарни централи со мал капацитет.

Шефот на руската дипломатија додаде дека Москва активно учествува во создавањето и модернизацијата на енергетската инфраструктура и индустриските капацитети, а како успешен пример го наведе изградбата на нуклеарната централа Ел Даба во Египет, најголемата на африканскиот континент.

Според него, Русија ќе продолжи да ги шири напорите за обука на професионален кадар од африканските земји.

Тој информира дека бројот на африкански студенти во Русија во последните пет години се удвоил и сега надминува 32.000.

- Најбараните специјализации се во областите на земјоделството, инженерството, производството на електрична енергија, нафта и гас, како и градежништвото, медицината и образованието, заклучи Лавров во своето обраќање на Форумот за руско-африканско партнерство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk