logo
logo
logo

Лавров: Подготвени сме да ги прекинеме односите со ЕУ

Vecer | 12.02.2021

Лавров: Подготвени сме да ги прекинеме односите со ЕУ


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена на прекин на односите со Европската Унија.

До прекин на односите со ЕУ би можело да дојде доколку Брисел воведе санкции ризични за чувствителните сфери на економијата, наведе Лавров.

„ Нашата почетна точка е дека сме подготвени за тој чекор во случај да забележиме, како што можевме да видиме во неколку наврати претходно, дека се подготвуваат санкции што ќе создадат ризик за нашата економија“, посочи тој.

Лавров изјави дека Русија не сака да се изолира од светот, но дека е потребно да биде подготвена за најлошото можно сценарио. Како што рече: „Ако сакате мир, подгответе се за војна“.

Претходно, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Џозеп Борел, по посетата на Москва, изјави дека Европската унија и Русија се наоѓаат во историска пресвртница по прашањето за меѓусебните односи.

Борел тогаш откри дека во одредени моменти имал многу напнати разговори со рускиот шеф на дипломатијата и оцени дека состанокот и некои пораки од руски официјални лица покажале дека Европа и Русија се оддалечуваат.

„ Изборот што ќе го направиме ќе ја одреди меѓународната динамика на моќта во овој век: дали ЕУ ќе се движи кон покооперативен или поларизиран модел во односите со Русија, дали ќе се заснова на отворени или затворени општества“, рече Борел за време на неговиот извештај до Европскиот парламент, во врска со неговата посета на Русија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk