По информациите во западните медиуми во врска со барањето на Техеран за преговори со Вашингтон, Лариџани нагласи дека Иран нема да преговара со САД, пренесува „Тасним“.
Рано утрово, „Волстрит џурнал“ објави дека Лариџани ѝ ги испратил на оманската страна своите планови за продолжување на преговорите со САД.
САД и Израел почнаа напади врз Иран во саботата наутро во време кога беа во тек индиректни нуклеарни разговори меѓу Техеран и Вашингтон, со посредство на Оман.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата