Околу 30.000 германски туристи во моментов се заглавени на крузери, во хотели или на затворени аеродроми ширум Блискиот Исток и не можат да се вратат дома поради ескалацијата на конфликтот во регионот.
Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, доцна во неделата изјави дека воена евакуација во овој момент не е можна поради затворениот воздушен простор.
Тој наведе дека владата разгледува алтернативни опции за да им помогне на своите граѓани безбедно да се вратат во Германија и апелираше сите да ги следат упатствата на германските туристички агенции и локалните власти.
Германското туристичко здружение ги повика патниците „итно да останат во своите резервирани хотели“ и „да не се обидуваат самостојно да стигнат до аеродромите или да преминуваат во соседни земји“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата