logo
logo
logo

Лапид ги повика светските лидери да го блокираат мислењето на МСП за израелската окупација

Vecer | 29.11.2022

Лапид ги повика светските лидери да го блокираат мислењето на МСП за израелската окупација

Израелскиот премиер Јаир Лапид денеска со писмо ги повика светските лидери да го блокираат обидот на Палестинците во Обединетите нации (ОН) да добијат советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата (МСП) за израелската окупација, јави неговиот кабинет.

Во писмото упатено до повеќе од 50 шефови на држави Лапид од нив бара да извршат притисок врз Палестинската управа, која има ограничена моќ на окупираниот Западен Брег, за да ја спречи да ја промовира резолуцијата во Генералниот Собрание.

Во резолуцијата, која беше одобрена од комитетот на ОН на почетокот на месецот, од МСП се бара „под итно“ да го разгледа прашањето за израелската „долгорочна окупација, изградба на населби и анексија на палестинска територија“, што како наведено, го нарушува правото на Палестинците на самоопределување.

„Оваа резолуција е резултат на заеднички напори да се прозива Израел, да се дискредитираат легитимните безбедносни грижи на Израел и да се делегитимира самото постоење на Израел“, напиша Лапид во писмото до светските државници.

Израел го презеде правото врз Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим во шестдневната војна во јуни 1967 година што ја водеше против Египет, Иран, Сирија и Ирак.

Израелскиот премиер во заминување посочува дека статусот на спорната територија мора да биде предмет на директни преговори меѓу Израел и Палестинците и дека „вклучувањето на МСП во целата оваа работа само ќе им користи на екстремистите“.

Преговорите меѓу двете страни со посредство на САД се замрзнати од 2014 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk